Logoogo




MK
MK
AL
AL
EN
EN
•   ДОМА
q
•   ПРОФИЛ
q
•   ГАЛЕРИЈА
q
•   ВИДЕО
q
•   КОНТАКТ

“MAKALJB KOMPANI“- Скопје е компанија со седиште во Скопје.
Оваа компанија се занимава со производство на инертни материјали и произведува фракции 0-4 мм; 4-8; 8-16; 16-31,5 мм; кои се употребуваат во градежништво за производство на свеж бетон, малтери, тампони за патишта, тротоари и паркинзи.
Овие материјали се употребуваат за производство на бекатон плочки и за бетонски блокови за ѕидање.
"MAKALJB KOMPANI" поседува три модерни дробилици со две сепарации и со многу врсти на сита со голем капацитет од 150t/h и со помошна механизација од утоварни лопати, троосовинци  и багери со гасеници. Врши дробење на каменот и истиот го претвора во песок, прав како и во разни фракции, и е единствената компанија во Македонија која произведува зрна со игличасти форми.
“MAKALJB KOMPANI“ се занимава и со експлоатација и дробење на кварц и кварцен песок.
Целиот систем на дробење и сепарирање работи според програмата "mashinen fabrik liezen" од Австрија.

Од еколошка гледна точка извршено е минимизирање на прашината на воден систем со посебни прскалки, како би се сочувала животната средина. "MAKALJB KOMPANI" исто така врши минирање на карпите со посебен нонел систем, кој не е штетен на околината, без вибрации и бука.
Компанијата исто така се занимава и со изградба на објекти од ниска градба.
и го снабдува металуршкиот комбинат “Силмак“ – Јегуновце,( поранешен “Југохром“) со квалитетен кварц.
Каменоломот, сопственост на оваа компанија се наоѓа на 19 км од Скопје, близу до село Групчин на 200 метри од новиот автопат Скопје-Тетово.
Со триесет и пет годишно искуство како директор на компанијата се бележи инг. Шефки Аљити, а на каменоломот, арх. Арбен Аљити.